Профил на компанијата

Cantilevered racks

PROMAN s.r.o. е основан на 27.10.1994 год. Главната дејност на комапнијата е проектирање и испорака на сложени регални системи.

На пазарот во Чешка, Словачка и Полска PROMAN s.r.o. е еден од најголемите снабдувачи на регални системи од сите видови и може бргу и флексибилно да ги исполни сите барања на купувачите.

Од своето основање до денес, компанијата PROMAN сеуште продолжува динамично да се развива. Тоа се гледа и од референтната листа на сите досегашни реализирани проекти.

Palett racks

Компанијата има преку 30 вработени и тоа претставници на продажба, техничари и неопходни административни работници. Истовремено компанијата ангажира повеќе од 20 работници во монтажа.

Нашите вработени работат на изработка на проекти и подготовка на понуди. Тие имаат широки познавања на безбедносните прописи и техничките норми во областа на користење на материјали и складирање, што има голема улога при оперативното постапување по барањата на нашите купувачи.

Регалните системи на PROMAN имаат примена во сите подрачја на индустријата, на пр. големи складови - магацини, јавната администрација, банки, мали бизниси итн.